Следната верзија на iOS оперативниот систем на Apple ќе вклучува корисна функција дизајнирана да им покаже на корисниците на iPhone што се случува со нивните автомобили.
Со користење на опцијата Visual Look Up, патниците во автомобилот ќе можат да откријат што точно значат малите симболи што се појавуваат на контролните табли. Многу возачи го знаат значењето на симболот, но има многу што навистина не го знаат. Тука „се уфрла“ Apple, односно претстојниот iOS 17, чии функции беа објавени минатиот месец. Меѓу овие функции е Auto Symbol, кој е дел од алатката Visual Look Up. Алатката им помага на корисниците да пронајдат повеќе информации за тоа што се наоѓа на фотографиите што ги прават.
Auto Symbol ќе се користи за брзо „дешифрирање“ на предупредувачките симболи во автомобилот и ќе ја елиминира потребата да ги гледате упатствата за работа. Исто така, ќе обезбеди линкови до статии кои даваат повеќе информации. Но, тука не е крајот, бидејќи контролните табли се покриени со мали слики кои би можеле да ги збунат новите возачи, па дури и искусните, кои наидуваат на нови симболи, од опциите за вентилација до копчето за одмрзнување.
Иако се работи за практична функција, сепак не е посебно единствена. Корисниците на Android и iPhone кои имаат пристап до Google Lens веќе можат да го бараат значењето на функциите на доста сличен начин. Сепак, корисниците на iPhone кои не сакаат да се „мачат“ со тоа, треба да ги почекаат Visual Look Up и iOS 17, кои пристигнуваат во септември.