Honor има три смартфони на преклопување во своето портфолио – Magic V, Magic Vs и Magic V2. Сите се од ист тип, поточно со хоризонтално превиткување од типот на Samsung Galaxy Z Fold серијата.
Од компанијата, сепак, потврдуваат дека подготвуваат и нов модел со хоризонтално преклопување од типот Galaxy Z Flip и Motorola razr. Ваков уред се очекува следната година, а информациите доаѓаат од претседателот на компанијата за Блискиот Исток и Африка, Даниел Вонг.
Сепак, тој не открива дополнителни детали во врска со планираниот уред. Инаку, најновиот преклопен модел на компанијата е Magic V2, кој дебитираше во Кина. Има прилично тенка конструкција и дефинитивно е меѓу најинтересните актуелни модели.