Xiaomi претстави нов додаток меѓу електричните скутери, а се работи за Electric Scooter 4 Go, кој се појави на официјалната веб-страница на компанијата. Овој основен модел достигнува максимална брзина од 20 км/ч и има батерија од 165 Wh која му овозможува да постигне досег до 18 км со едно полнење.
Врвната моќност на електричниот мотор е 450 W, има три начини на работа и може да надмине наклони до 10%. Се базира на систем за двојно сопирање со E-ABS на предното тркало, а гумите се 8,1 инчи.
Има и дисплеј кој прикажува различни информации, а сите детали можете да ги добиете преку апликацијата на Xiaomi. Компанијата користи и систем за заштита на батеријата од различни проблеми, вклучувајќи краток спој и прегревање.
Дизајнот е познат, но со контрастни портокалови елементи на црна позадина и челична рамка. Засега нема информации кога и по која цена ќе се појави новиот модел кај нас.