Предупредувањата на Google дека некој неовластено ве следи, нудат три начини да се заштитите и известувања во случај непознат Bluetooth уред да открие информации за вашите движења
Постои добра и лоша страна на Bluetooth-тракерите. Иако тие можат да го олеснат пронаоѓањето на украдени и изгубени предмети, тие можат и да се злоупотребат за следење на вашите движења. Сепак, Google воведува алатки кои можат да помогнат во спречување на опасностите од Bluetooth тракерите.
Google сега објави дека воведува нова функција која ќе ви помогне да се заштитите од нелегално следење со Bluetooth уреди. Корисниците на Android, наводно, ќе добијат пристап до предупредувања за следење од уреди за кои не знаат. Оваа функција ќе биде достапна за секој уред со Android 6.0 или понова верзија. Google вели дека неговите предупредувања за следење од непознати уреди нудат три начини за заштита: известувања, дејства и скенирања.
Google го спречи шпионирањето на движењето на Android корисниците
Кога оваа функција е вклучена, ќе бидете известени (преку нотификација) дека непознат Bluetooth тракер се одвоил од сопственикот и патува со вас. Ако кликнете на предупредувањето, технолошкиот гигант вели дека можете да дознаете повеќе за уредот за следење и да ја прегледате мапата од каде е забележан тракерот како патува со вас и дава информации за вашите движења. Згора на тоа, ќе има опција „Broadcast Sound“ што ќе предизвика тракерот да започне да испушта звук, за да можете да го најдете без сопственикот да знае. Оваа алатка веќе работи, т.е. детектира присуство на тракери на Apple AirTags, но на крајот ќе ја прошири листата на други слични уреди.
Новата функција ќе обезбеди и информации за тракерот, како што се неговиот сериски број и последните четири цифри од телефонскиот број на неговиот сопственик, и кога тракерот е прикачен на задниот дел од вашиот телефон. Ќе добиете и совети што да правите следно и како физички да го оневозможите тракерот, пишува Android Authority.
Конечно, користењето на оваа функција ќе ви овозможи рачно да ги скенирате тракерите во близина. Со одење до Settings>Safety & emergency>Unknown tracker alerts, ќе можете да го допрете копчето „Scan Now“. Google вели дека скенирањето ќе трае 10 секунди и ќе ви биде претставена листа со тракери кои се во ваша близина и се одвоени од нивниот сопственик.