Досега имаше многу шпекулации и претпоставки за цените на претстојната iPhone 15 серија на Apple, a сега неколку различни извори наведоа конкретни цени за сите уреди
Во претходниот период додека со нетрпение слушавме различни извори блиски до компанијата од Купертино, имаше секакви информации за цените на новата iPhone 15 линија. Бидејќи сериозно наближува моментот на промоција и почеток на продажбата, се повеќе извори откриваат дека навистина ќе има пораст на цените. Се чини дека најтешко ќе бидат погодени потенцијалните купувачи на iPhone 15 Pro моделите.
Протекувањето започна на почетокот на оваа недела, при што Bloomberg објави дека „Apple размислува за зголемување на цената за Pro моделите“. Бројките потоа ги додаде аналитичарот на Barclays, Тим Лонг во белешката која ја забележа MacRumors, во која се вели дека iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max ќе поскапат за 100 и 200 долари, соодветно. Оваа најнова информација е шок, бидејќи доаѓа како двојно зголемување на цената од очекуваното.
Како резултат на тоа, iPhone 15 линијата ќе ги има следните цени
iPhone 15: од 799 долари
iPhone 15 Plus: од 899 долари
iPhone 15 Pro: од 1099 долари
iPhone 15 Pro Max: 1.299 долари
Стратегијата на Apple е јасна. Продажбата на iPhone 14 и iPhone 14 Plus беше под очекуваното, а корисниците можеа полесно да ја поднесат разликата во цената и поради тоа да се одлучат за Pro моделите за време на договорот со мобилниот оператор во случај на купување на рати. Ова особено ја погоди продажбата на iPhone 14 Plus, каде разликата од само 100 долари за подобриот iPhone 14 Pro е практично незабележлива во текот на двегодишниот период на враќање.
Сепак, тоа повеќе нема да биде случј. Зголемувањето на цената за новите iPhone 15 модели доведе до позначајна разлика, при што Apple ќе почне да наплаќа 300 долари повеќе за надградба од iPhone 15 на iPhone 15 Pro и 400 долари повеќе за надградба од iPhone 15 Plus на iPhone 15 Pro Max.
Сега навистина ќе се почувствувате оваа разлика во вашиот паричник. Дури и да е двегодишен рок на отплата, разликата ќе биде забележлива. Со оглед на практиката на Apple за историски одржување слични профитни маржи на различни модели на iPhone, порамномерниот распоред на продажба ќе функционира подобро за неговиот синџир на снабдување, пишува Forbes.