Научниците открија женски микроскопски кружен црв кој бил заглавен длабоко во сибирскиот вечен мраз веќе 46.000 години, објави Вашингтон пост.
Кога го оживеале, црвот почнал да се репродуцира преку процес наречен партеногенеза, за кој не е потребен партнер.
Според соопштението за медиуми, црвот поминал илјадници години во еден вид мирување наречено криптобиоза. Во оваа состојба, која може да трае речиси неодредено, сите метаболички процеси паузираат, вклучително и „репродукција, развој и поправка“, наведува Универзитетот на Хаваи во Маноа.
Во студијата објавена во четвртокот во списанието PLOS Genetics, научниците објавија дека по секвенционирањето на геномот на црвот, научниците рекле дека му припаѓа на „неопишан вид“.
Претходно, нематодите Plectus murrayi и Tylenchus polyhypnus беа воскреснати од примероци од мов и хербариум по неколку децении, според Live Science. Сепак, овој нов вид, наречен Panagrolaimus kolymaensis се наоѓа во мирување десетици илјади години подолго.
Биологот Холи Бик проценува дека има милиони видови нематоди кои живеат во различни средини како океански ровови, тундра, пустини и вулкански почви. Научниците досега опишаа само 5.000 морски видови.
Вилијам Кроу, нематолог од Универзитетот во Флорида, кој не бил вклучен во студијата, изјави за Пост дека црвот можеби припаѓа на вид кој исчезнал во последните речиси 50.000 години.