По примерот на Tesla, повеќето производители на автомобили почнаа да имплементираат огромни екрани во свооите автомобилски модели. Се разбира, многу актуелни автомобили вклучуваат и решенија како CarPlay и Android Auto, кои нудат поддршка за апликации од телефонот на новиот тип на дигитална контролна табла.
Во повеќето случаи, ова се правоаголни екрани во портрет или пејзажна ориентација. Сепак, BMW има многу поинакво решение за своите претстојни EV Mini Cooper 2025 модели. Тие ќе имаат кружен OLED екран од 9,44 инчи кој е прозорец кон Mini Operating System 9 (AOSP) и други функционалности.
Меѓу додатоците е и гласовниот асистент Spike (активиран со фразата Hey Mini), кој ќе може да контролира голем број функционалности, вклучувајќи навигација, телефон, радио и температура. Апликациите ќе бидат достапни преку Mini Connected Store.
NEWS: Mini Cooper has unveiled the interior for their next-gen 2025 EV, featuring a 9.4 inch circular OLED display in the middle of the dashboard.
Video of what it can do in the thread below. pic.twitter.com/S1ElZmpi7s
— Sawyer Merritt (@SawyerMerritt) July 27, 2023
Инаку, главниот екран прикажува и корисни податоци како брзина, потрошувачка на гориво итн. Платформата поддржува Android Auto. Автомобилите имаат и HUD дисплеј за брзина и опционална 5G конекција