По компанијата Apple, се чини дека и кинескиот Xiaomi сака да се префрли на телефони во титаниумска верзија, па Xiaomi 14 Pro веројатно ќе биде првиот таков Android уред
Преминот кон телефони изработени од туитаниум изгледа станува тренд, па по компанијата Apple се појавија неофицијални информации дека и кинескиот Xiaomi ќе го направи истото со својот Xiaomi 14 Pro модел, објави Wccftech. Доколку гласините се покажат точни, тоа значи дека овој модел би бил првиот ваков Android телефон на пазарот.
Неговото лансирање би требало да се случи неколку месеци по iPhone 15 Pro моделите, за кои исто така неодамна беше објавено дека ќе имаат рамка од титаниум наместо од нерѓосувачки челик.
Од претстојната четиринаесетта серија на телефони на кинеската компанија, за која се шпекулира дека ќе биде составена од четири модели: Xiaomi 14, 14 Pro, 14 Pro Plus и 14 Ultra, досегашните гласини тврдат дека само Xiaomi 14 Pro ќе има титаниумско куќиште.
Но, ако се земе предвид дека барем според номенклатурата, моделите Xiaomi 14 Pro Plus и Xiaomi 14 Ultra би требало да бидат малку подобри според спецификациите, може да се случи и на овие модели да видиме титаниум наместо алуминиум.
Покрај кинеските телефони, тука се и корејските, па на интернет кружат информации дека Samsung ќе го следи истиот тренд. Титаниумот наводно ќе се најде во претстојниот Galaxy S24 Ultra модел.
Префрлувањето на титаниум од алуминиум или нерѓосувачки челик може да донесе повеќе придобивки за уредите, овозможувајќи им да бидат поотпорни на физичко оштетување, а истовремено да бидат полесни. Но, освен овие предности, титаниумот има и свои недостатоци, а тоа е пред се повисоката цена во однос на материјалите кои моментално се користат.
Затоа, уредите кои ќе доаѓаат во титаниумски верзии ќе бидат поскапи. Ова е и една од причините поради кои компаниите досега се воздржуваа од користење на овој вид материјал во своите уреди. Кога станува збор за Xiaomi 14 Pro, неофицијалните информации покажуваат дека тој ќе биде покренат од Qualcomm Snapdragon 8 Gen 3 чип, кој исто така треба да го стави на врвот на водечкиот пазар на паметни телефони.
Лансирањето на процесорот беше најавено за октомври оваа година, што значи дека Xiaomi 14 серијата би можела да се појави веќе во ноември.