Вселенскиот телескоп Euclid кој припаѓа на Европската вселенска агенција ESA првпат ја фотографираше Вселената и испрати тест фотографии.
ESS го лансираше Euclid на 1 јули со цел да ја истражува двете големи мистерии на универзумот – темната материја и темната енергија, кои сочинуваат приближно 27%, односно 68% од Вселената.
Мисијата на Euclid вклучува набљудување на Вселената од стратешки поволната точка – Лангранж (L2), а тоа воедно е и локацијата на Џејмс Вебн најмоќниот вселенски телескоп во историјата.
Новите фотографии претставуваат детални снимки од ноќното небо и прикажуваат безброј ѕвезди, ѕвездени јата и галаксии распространети низ Вселената. Овие тест фотографии покривале дел од небото, кое е помало од полната Месечина.
„По повеќе од 11 години дизајнирање и развој на Euclid, возбудливо и крајно емотивно е да се видат првите фотографии. Уште повеќе неверојатна е помислата дека гледаме само неколку галаксии со минимално подесување на системот. Целосно калибрираниот Euclid ќе набљудува милијарди галаксии и ќе ја креира најголемата „3D мапа на небото досега“, изјавил менаџерот на проектот, Џузепе Рака.
Тестните фотографии не се обработени, поради што се видливи разни пруги предизвикани од „несакани артефакти“, како што се космичките зраци. Сепак, сите идни научни фотографии ќе бидат внимателно обработени и обоени за да се зголеми нивната научна привлечност.
Првите фотографии се направени со помош на две камери, а тоа се VISible instrument (VIS) i Near-Infrared Spectrometer and Photometer (NISP).
NISP ќе фотографира галаксии во инфрацрвена светлина, односно ќе ја мери количината на светлина која ја емитуваат галаксиите на различни бранови должини. Овие податоци би можеле да им помогнат на научниците да утврдат колку се одаелечни одредени галаксии.
VIS камерата првенствено ќе се користи како би се одредил обликот на милијарди галаксии во Универзумот.
Тимот на мисијата нагласил дека фотографиите имаат уште поголемо значење бидејќи биле направени и покрај проблемот кој се појавил набргу по првото активирање на инструментот VIS. Тимот забележал „некоја необична шема која ги контаминирала фотографиите“.
Последователните истражувања откриле дека само станувало збор за „залутана“ сончева светлина која влегла во телескопот, најверојатно преку мала празнина. Овој проблем може да се реши со фотографирање од определени агли.
Во текот на наредните месеци, тимот на мисијата ќе ги тестира и оцени севкупните перформанси на телескопот за лов на темната материја.
Откако ќе заврши фазата на верификација на перформансите и пуштањето во работа, Euclid ќе ги започне своите научни набљудувања, кои ќе вклучуваат создавање на 3D мапа на Универзумот, како подобро би се разбрала мистериозната природа на темната материја и темната енергија.
Тестните фотографии служат како увид во огромниот потенцијал на телескопот.
„Убеден сум дека тимот ќе може да го користи Euclid и да открие многу за 95% од Вселената – за кои знаеме толку малку“, изјавил Јозеф Ашабахер, директор на агенцијата ESA.


