LG најави дека ќе го понуди првиот безжичен OLED телевизор во светот. Се работи за моделот М3 со дијагонала од 97 инчи, кој веќе е достапен во Јужна Кореја, но компанијата планира да го понуди во Северна Америка и Европа подоцна оваа година.
Во овој случај, врската помеѓу екранот и уредот Zero Connect со дополнителна електроника ќе биде безжична. За разлика од One Connect решението на Samsung, кое ги поврзува двата дела со тенок кабел, LG ќе се базира на безжична врска. Но, сепак ќе има и кабел, кој ќе му обезбеди напојување на телевизорот.
Новиот M3 OLED е речиси како G3 моделот со MLA (Micro Lens Array) технологија, но со додавање на безжично поврзување. Подоцна, компанијата планира да понуди Zero Connect модели со дијагонала од 83 и 77 инчи, но тие ќе користат Evo M панели без MLA.
LG наведува дека безжичната технологија е способна да пренесува податоци со три пати поголема брзина од стандардот Wi-Fi 6E, поддржувајќи Dolby Vision и Dolby Atmos. Решението работи на растојание до 10 метри и овозможува пренос на сигнал со 4К резолуција и стапка на освежување на 120Hz.