Оваа алатка им помага на корисниците подобро да се подготват за интервјуа и разговори со потенцијалните работодавци.
Нима Овји, веб-развивач кој редовно споделува информации за претстојните апликации или подобрувања во нив, сподели скриншот од AI asistаnt на Твитер, пишува Business Insider.
На страницата откриена од Oвји, тимот на LinkedIn воведува нова алатка наречена LinkedIn Coach. Оваа алатка им овозможува на корисниците да аплицираат за работни места, да стекнуваат нови вештини и да откриваат нови начини за поврзување, поддржани од вештачката интелигенција.
Има и пример за тоа како ќе работи AI asistаnt. Корисниците ќе можат да поставуваат различни прашања, како што се информации за активноста на одредена компанија или нејзината работна култура.
#Linkedin is working on LinkedIn Coach!
It's an AI ASSISTANT that helps you apply for JOBS, learn new SKILLS, and find more ways to CONNECT with your network! pic.twitter.com/jKBrPmEFJt
— Nima Owji (@nima_owji) July 27, 2023
LinkedIn не коментираше дополнително за развојот на алатката Coach. Аманда Первис, претставник на компанијата, накратко рече: „Постојано истражуваме нови начини за подобрување на искуството на нашите членови на LinkedIn и наскоро ќе имаме повеќе информации за споделување“.
Претходно, LinkedIn веќе тестираше чет-бот со вештачка интелигенција за претплатниците и корисниците на својата деловна социјална мрежа. Овој четбот им помага на корисниците да испраќаат пораки и да ги информираат за објавените огласи за работа.