Долгогодишниот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куo тврди дека Apple активно работи на новa верзија на AirTag, што ќе ја лансира на пазарот кон крајот на 2024 или почетокот на 2025 година.
Во 2021 година, Apple го претстави AirTag, својот прв тракер кој им помага на корисниците да најдат изгубен паричник, клучеви, куфер или што и да посакаат со помош на уредот . Поради пристапната цена и функционалноста AirTag стекна голема популарност, а се чини дека наскоро ќе добие и наследник.
Според долгогодишниот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо, технолошкиот гигант од Купертино планира да го објави AirTag 2 кон крајот на 2024 година или на почетокот на 2025 година. Тој предвидува и дека следната генерација на тракери ќе има подобра интеграција со уредот за проширена реалност на Apple, Vision Pro како дел од новиот екосистем за просторни компјутери.
預測更新:
1. AirTag 2可能將在4Q24量產。
2. 我相信空間運算是Apple想建立的新生態,欲以Vision Pro為核心整合其他裝置,包括AirTag 2。
==Prediction update:
1. AirTag 2 will likely go to mass production in 4Q24.
2. I believe that spatial computing is a new ecosystem that Apple wants… https://t.co/GXkDIYLz84— 郭明錤 (Ming-Chi Kuo) (@mingchikuo) August 2, 2023
Повеќе детали засега се непознати, но се шпекулира дека AirTag two ќе има нов U2 чип, подобра батерија и ќе биде нешто поиздржлив од својот претходник. Повеќе информации ќе бидат познати во следните месеци