Помина речиси една година од лансирањето на актуелната iPhone 14 серија паметни телефони на Apple. Сега, се разбира, сите очи се насочени кон следната генерација, со многу гласини околу претстојните уреди.
Новите информации сугерираат дека Apple планира да ги објави новите уреди во третата недела од септември. Голем број извори запознаени со ова прашање изјавија за порталот 9to5Mac дека мобилните оператори бараат од своите вработени да не одат на одмор на 13 септември. Ова е поради големата премиера на паметен телефон.
Во последните години најмногу претставувања беа одржани во вторник, но минатата година презентацијата се одржа во среда на 7 септември. 13-ти септември е исто така среда, а доколку iPhone 15 серијата биде објавена на тој датум, преднарачките би можеле да започнат на 15 септември, а испораката на новите телефони на 22 септември.
Од информациите на Марк Гурман од Bloomberg дознавме дека новите Pro модели ќе имаат титаниумска рамки наместо челична, што ќе ги направи поцврсти и полесни. Уредиѕе повторно ќе имаат задни панели од матирано стакло, но се очекува аглите на рабовите да бидат позаоблени.
Гурман истакнува и дека уредите ќе имаат и потенки рамки околу дисплејот – 1,5 мм наместо 2,2 мм кај сегашните Pro модели. Тоа ќе се постигне со употреба на нова технологија за дисплеите – LIPO, која веќе се применува во Apple Watch 7 серијата паметни часовници на компанијата.
Кога станува збор за другите спецификации, се очекува и стандардните iPhone 15 модели да добијат Dynamic Island наместо досегашниот (засек) notch, но со стандардни рамки околу екранот како досега, а сите четири уреди од iPhone 15 серијата ќе усвојат USB-C порт за полнење, наместо досегашниот lightning. Според информациите кои протекоа на почетокот на јули, целата нова линија на мобилни телефони на Apple ќе има батерии со поголем капацитет, што може да резултира со уште подобра автономија.
Pro моделите би требало да имаат A17 Bionic чипсет на Apple изграден на производствен процес од 3 нанометри и поврзан со 8 GB LPDDR5 RAM, додека обичните треба да се напојуваат со минатогодишниот A16 Bionic чипови и да имаат 6GB RAM меморија.