Новиот модел на вештачка интелигенција развиен во Meta е способен за компонирање и аранжирање музички клипови, и е целосно со отворен код и бесплатен за преземање и користење.
Meta воведе нова алатка за вештачка интелигенција со отворен код наречена AudioCraft. Се работи за алатка базирана на вештачка интелигенција која има за цел да им помогне на корисниците да креираат музика врз основа на текстуални прашања.
Алатката доаѓа во комплет со три модели на вештачка интелигенција – AudioGen, EnCodec и MusicGen – и може да се користи за музика, аудио, компресија и генерирање содржини.
Уметниците и експертите од музичката индустрија веќе изразија загриженост дека користењето на алатката може да доведе до прекршување на авторските права. Причината е што софтверот за машинско учење работи со препознавање и одговарање на обрасци користејќи податоци преземени од интернет.
🎵 Today we’re sharing details about AudioCraft, a family of generative AI models that lets you easily generate high-quality audio and music from text.https://t.co/04XAq4rlap pic.twitter.com/JreMIBGbTF
— Meta Newsroom (@MetaNewsroom) August 2, 2023
Мета не е првата голема компанија која создава алатка од ваков тип. Претходно оваа година, Alphabet ја претстави својата експериментална алатка за генерирање звук со вештачка интелигенција наречена MusicLM.