Компанијата Nothing постои само неколку години, но компанијата веќе има неколку лансирања на производи зад себе. Се чини дека ова ѝ дава самодоверба да лансира сопствен подбренд, кој е наменет за продажба на уреди со подостапни цени.
Извршниот директор на компанијата, Карл Пеи во видео го објави лансирањето на CMF (Color, Material и Finish), истакувајќи дека новиот бренд ќе вклучува поевтини производи со добар дизајн.
Веќе се развиваат и првите производи под брендот CMF, а се работи за паметен часовник и слушалки. Двата модела се очекуваат подоцна во текот на годината. Според Пеи, CMF ќе се разликува од својата матична компанија со фокус на чист дизајн кој е достапен, додека на Nothing ќе дава приоритет на премиум чувство и иновации во дизајнот.
CMF е под раководство на целосно различен тим.