Новата Sony PlayStation 5 Pro конзола, која се очекува да излезе следната година ќе го покренува чипсет што ќе излезе од 4NP производните линии на TSMC.
Инсајдер близок до AMD, кој го снабдува Sony со соодветните APU чипови на кој се базира тековната генерација на конзоли Sony PlayStation 5 Pro во изминатите неколку дена твиташе дека може со висок степен на сигурност да се обложи дека идната конзола нема да биде изградена на 3nm процесор, туку најверојатно на N4P технологија, која е процес на производство од 4nm.
Според овие информации, нема голема разлика помеѓу овој и N3E, 3 nm процес во однос на моќноста и перформансите, па префрлањето на 4 nm технологија воопшто нема да влијае на брзината на конзолата и перформансите на игрите.
Нешто претходно, ги објавивме и претпоставките за слични гласини за карактеристиките на идниот AMD APU процесор кој ќе ја покренува новата верзија на PlayStation 5 Pro.
It's not 3nm tho 😛
— Kepler (@Kepler_L2) August 2, 2023
Сепак, треба да се има на ум дека во овој момент се познати многу малку сигурни детали за PlayStation 5 Pro конзолата. Според доверливиот извор Том Хендерсон, конзолата ќе биде лансирана во ноември 2024 година, заедно со значително подобрување на поддршката за Ray Tracing за игри и брзина, 8К режим на перформанси и подобри 4К перформанси. Како Sony тоа на крајот ќе го постигне останува да се види, иако се вели дека конзолата има побрза меморија и околу 60 компјутерски единици, речиси двојно повеќе од основниот PlayStation 5 .
PlayStation 5 Pro допрва треба да биде официјално претставен, објави wccftech.