Galaxy Tab S9 FE и Tab S9 FE+ би требало да се појават на пазарот како подостапни таблет уреди на Samsung. Засега не е познато кога ќе се одржи нивната презентација, но сега е потврдено дека овие уреди навистина постојат.
Samsung ги претстави Tab S9, Tab S9+ и Tab S9 Ultra на неодамнешниот Galaxy Unpacked настан во Сеул, но се чини дека ова нема да бидат единствените модели од најмоќната таблет серија на компанијата. На сајтот на јужнокорејската компанија „случајно“ е откриено постоењето на се уште непретставените Tab S9 FE и Tab S9 FE+.
Како што пренесува GSM Arena, имињата на овие таблет урееди беа забележани на листата на уреди кои го поддржуваат гласовниот асистент Bixby, а иако Samsung ова набрзо го отстрани, корисниците ја пренесоа информацијата на социјалните мрежи.
Спецификациите на Tab S9 FE и S9 FE+ засега се непознати, но поради додавањето на наставката „FE“ во името на уредот, се очекува тој да биде послаб и поевтин од другите модели од Tab S9 серијата. Се шпекулираше дека и двата модела ги покренува Exynos 1380 чипсет, а S9 FE+ ќе има 12,4-инчен AMOLED дисплеј, но сè уште ништо не е потврдено.