Во потрага сте по нов телефон кој соодветно ќе одговора на вашите секојдневни потреби и кој во целост ќе се вклопи во вашиот стил и згора на сé, ќе биде дизајнерски толку впечатлив што сите ќе ви позавидат секој пат кога ќе го извадите? Дозволете ни да ви го олесниме изборот. Во морето од мобилни телефони кои се нудат на пазарот кај нас, во моментов најактуелна е најновата петта генерација телефони на преклоп Foldables на Samsung, која неодамна го имаше своето глобално премиерно претставување. Со самото тоа овие телефони се олицетворение на најиновативните технологии и врвни достигнувања во индустријата за телефони на преклоп. Во телефоните Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5 ќе го најдете токму она што ви е потребно, без разлика дали приоритет при изборот ви е совршеноста на перформансите и функциите на телефонот да можете да ги склопите во величина која ќе застане во најмалиот џеб, или пак сакате да имате покрај себе телефон со кој постојано ќе бидете во тек со вашите професионални обврски, чиј голем екран воедно е одличен и за забава.
Galaxy Z Flip5 – најголем надворешен екран на Galaxy Flip телефон досега со спектакуларни можности на камерите
Телефонот на преклоп Galaxy Z Flip5 е дизајнерски создаден да може од телефон со стандардна големина штом преклопен, да биде двојно помал, кој како „мала коцка“ ќе може да застане во секој ваш џеб. Доколку сте од оние на кои им пречи постојано со себе да носат голем телефон, мајсторското решение за Flip5 телефоните се состои во тоа што надворешниот нов Flex Windowекран – оној што ќе го користите кога телефонот ви е преклопен – е всушност најголемиот надворешен екран од било кој Galaxy Z Flip телефон досега, со зафатнина од 3,4 инчи измерено дијагонално. Со оваа карактеристика ќе можете скоро сé што правите на вашиот телефон, да го правите од надворешниот екран без да имате потреба да го отворате. Се прашувате како? Кога е затворен Galaxy Z Flip5 нуди повеќе можности од кога било досега. Преку Flex Window ќе можетебрзо и лесно да пристапите до важните информации: лесно ќе го проверувате времето, ќе ја контролирате репродукцијата на музика за да ги слушате омилените песни со помош на MediaController функцијата и со еден поглед ќе можете да ги прегледате сите графички контроли, додекаистовремено се префрлате од една во друга со активирање на функцијата Multi Widget View. Без да треба да го отворате уредот, можете да ја прегледате историјата на повици за да враќате пропуштени повици и да одговарате на пораки во движење користејќи Quick Reply со целосна QWERTY тастатура и приказ на историја на повици.
Дизајнот и обликот се нешто што дефинитивно најмногу ќе ви падне во око и нема да ве остави рамнодушни. Но Galaxy Z Flip5 исто така нуди најразновидно искуство со камерата. Благодарение на поголемиот Flex Window екран, ќе можете да правите висококвалитетни селфи фотографии со помош на задната камера, или пак да снимате импресивни фотографии без раце и од креативни агли со FlexCam, додека режимот Flex ќе ви овозможи брзо и лесно гледање и уредување на снимката. Можете лесно да прегледувате, да го прилагодите тонот на бојата или да бришете слики на користејќи ја опцијата за брз преглед. Со Super Steady стабилизацијата на камерата ќе можете да правите непречени снимки во движење, а со Auto Framing, никој нема да биде исклучен од фотографијата. Со подобрени решенија за вештачка интелигенција, можете да внесете живот во секоја фотографија. Оваа опција ја поттикнува креативноста дури и во услови на слаба осветленост со дополнително подобрени можности за Nightography што ги оптимизира фотографиите и видеата во услови на амбиентално осветлување. Алгоритмот за обработка на слика (ISP) со вештачка интелигенција го коригира секој визуелен шум што обично ги нарушува фотографиите направени во услови на слаба осветленост, истовремено подобрувајќи ги деталите и тонот на бојата, при штофотографиите уште од далеку изгледаат многу појасни со дигиталниот зум од 10x.
Galaxy Z Fold5 – совршен телефон за работа и разонода
Ако пак сте во потрага по телефон со кој вашите професионални обврски ќе можете беспрекорно и навремено да ги извршувате постојано и кога сте во движење, тогаш не барајте понатаму бидејќи совршениот избор за вас е телефонот Galaxy Z Fold5, кој нуди импресивен, голем екран и долготрајна батерија во најтенката и најлесната верзија на уредот Fold досега, така што овој телефон е едноставен да го носите насекаде. Во голем број на ситуации Galaxy Z Fold5 може да биде одлична замена за вашиот таблет. Со подобрениот таскбар со сигурност ќе можете да остварите динамична продуктивност со брзото префрлање од една во друга апликација кои најчесто ги користите. За поефикасна работа, сега се достапни до четири неодамна користени апликации. Дополнително подобрената функционалност за влечење и спуштање со две раце може да ја зголеми продуктивноста при преместување содржина помеѓу апликации и екрани. Тука e и веќе добро познатото и подобрено пенкалото S Pen Fold Edition, дополнително приспособено за да ви овозможи извонредно искуство за пишување на уредот Galaxy Z Fold5. Овие функции и алатки се комбинираат за да обезбедат моќна продуктивност на големиот екран и да ви овозможат да ги завршуватеважните задачи каде и да сте.
Но, не е Galaxy Z Fold5 наменет да биде само ваш совршен работен асистент, туку неговиот главенекран од 7,6 инчи ќе ви овозможи простран и непрекинат приказ за да уживате и во своите омилени филмови, серии, видеа, а кога станува збор за гејмање – можеби и нема подоар од него. Дополнително, максималната осветленост е зголемена за повеќе од 30%, до 1750 нити, што го прави идеален за користење и гледање на екранот на отворено, да речеме на плажа, дури и при силна сончева светлина.
Изберете боја која ве отсликува вас!
Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5 се веќе достапни кај нас и тоа на промотивна акција. Galaxy Z Flip5можете да го имате во ментол зелена боја, графитна, крем и лаванда, додека Galaxy Z Fold5 во ледено сина, фантомско црна и крем боја.
Заедно со лансирањето на овие нови Foldables телефони, Samsung ги претстави и најновите модели на паметни рачни часовници Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic со подобрени перформаси за следење на вашите спортски активности, одржување здрав начин на живот и здрав сон, како и новата Galaxy серија таблети – Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+ и Galaxy Tab S9 Ultra како одлични уреди кои можата ви бидат замена за вашиот компјутер или лаптоп, особено ако вашето секојдневие ви налага постојано да бидете во движење. Не зборавајте да ги погледнете и овие уреди и сите придобивки кои тие можат да ви ги понудат!
Повеќе информации за новата Galaxy серија на уреди дознајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/
https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/
https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-classic-43mm-silver-bt-sm-r950nzsaeuc/
https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-wi-fi-graphite-128gb-sm-x710nzaaeuc/