Снимката е направена при приближувањето до природниот сателит, пред планираното слетување подоцна месецов.
Индиското вселенско летало Chandrayaan-3 го направи својот прв маневар за кочење во орбитата на Месечината, по успешното влегување во орбитата еден ден претходно, објави синоќа Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО).
Видеото објаено на Twitter/X од страна на тимот на Chandrayaan-3 покажува спектакуларна глетка на Месечината снимена од камерата на леталото за време на кочењето во орбитата.
Следниот маневар за кочење во месечењвата орбитата е закажано за в среда. По завршувањето на маневрите во орбитата, вселенското летало ќе продолжи кон меко слетување на површината на Месечината. Според планот, тоа треба да се случи на 23 август.
The Moon, as viewed by #Chandrayaan3 spacecraft during Lunar Orbit Insertion (LOI) on August 5, 2023.#ISRO pic.twitter.com/xQtVyLTu0c
— LVM3-M4/CHANDRAYAAN-3 MISSION (@chandrayaan_3) August 6, 2023
Леталото Chandrayaan-3, третата индиска мисија за истражување на Месечината, беше лансирано на 14 јули, а неговата цел е да оствари меко слетување на површината на единствениот земјин природен сателит.
Доколку мисијата се покаже како успешна, Индија ќе стане четвртата земја која слетала на Месечината, придружувајќи им се на САД, СССР и Кина. Воедно, ќе ја има честа да биде првата нација што слетала на месечевиот јужен пол.