Новиот Apple Watch Series 9 нема да биде различен во дизајнот во споредба со неговиот претходник, но треба да има посилен чипсет базиран на оној што го покренува iPhone 13
Apple Watch Series 9 ќе ја има својата премиера следниот месец, но според долгогодишниот дојавувач Instant Digital на Weibo, тој ќе биде речиси непроменет во споредба со неговиот претходник.
Поконкретно, се наведува дека Watch Series 9 ќе има ист дизајн и димензии како минатогодишниот модел, но неговите перформанси и ефикасност треба да бидат подобрени благодарение на новиот чипсет, пишува GSM Arena.
Аналитичарот на Apple, Марк Гурман уште во мај годинава изјави дека претстојниот Apple Watch ќе има чипсет базиран на A15 Bionic на Apple, кој беше сместен во сите модели од iPhone 13 серијата. Деталите се уште не се познати, но поради наводно подобри перформанси и ефикасност, батеријата треба да трае малку подолго и апликациите треба да се отвораат побрзо.
Во секој случај, се ќе биде познато веќе на 13 септември, кога Apple треба да одржи голем настан на кој меѓу другото ќе ги претстави и новите iPhone 15 и iPhone 15 Pro модели.