Android наскоро може да добие можност за скренирање на QR-код од поголема далечина без потреба вашата апликација да бара дозвола за камерата, со истовремено чување на приватноста на корисникот
Со својот API, Google им нуди на програмерите нова функција која овозможува да се скенира QR-код од целата соба. Новиот скенер за кодови автоматски го открива QR-кодот во рамката на камерата, зумира и го чита.
Иако функцијата сè уште не е пристигната на уредите, таа може да се најде во најновите API што Google им ги става на располагање на програмерите.
Како што наведе Google во документацијата за програмери, ова API треба да има нова функција во домашната апликација QR Code Scanner на Google, но може да се вградува и во други апликации.
Она што е ново е тоа што корисниците нема да мора да даваат дозволи за камерата, заштедувајќи време на програмерите кои во тој случај не мора да создаваат прилагодено искуство за корисниците, пренесува The Verge.
Исто така, целата обработка на фотографии се одвива на уредот и Google не складира резултати или податоци за слики, со што се зачувува безбедноста и приватноста на корисникот.
„Овој API е идеален за апликации кои бараат беспрекорно скенирање на кодот без потреба од приспособен интерфејс или искуство со камера. Имплементацијата е целосно во рамките на услугите на Google Play, обезбедувајќи минимално влијание врз големината на вашата апликација“, се наведува во документацијата.