Новиот IFA саем о Берлин е закажан за првата недела од септември, а компанијата Honor ја потврди воведната презентација за 1 септември, кога се очекуваат два нови флексибилни смартфони на преклоп
Претставувањето на Honor е насловено „Unfold Tomorrow“, што повеќе од јасно објаснува на што е годинaшниот фокус на IFA саемот во Берлин. Се очекува Honor да го претстави Magic V2 за светскиот пазар, но судејќи според постерот, можеби и уште еден модел со флексибилен екран.
Според непотврдени гласини, Honor активно работи на помал (Flip) модел со преклопен дисплеј, а единствено прашање е дали новиот модел ќе биде претставен за помалку од еден месец или подоцна.
Годинава видовме неколку значително подобрени компактни модели со флексибилни екрани (Razr 40 Ultra и Galaxy Flip5), па Honor секако има сериозни конкуренти пред себе.
Засега официјалното соопштение е тука повеќе само да ни ја заскокотка фантазијата, отколку да ни даде некоја поконкретна информација, за која ќе треба да почекаме до првиот училишен ден. Како и секогаш, не се сомневаме дека ќе биде овозможен пренос во живо на официјалниот YouTube канал на Honor, а за тоа навремено ќе ве информираме во догледно време.