Новата функција би користела вештачка интелигенција за да го „скенира“ фото албумот на корисникот и да избере пет фотографии кои најдобро го претставуваат
Кога креираат профил и сакаат што побрзо да запознаат нова личност, корисниците често се заглавуваат на првиот чекор, а тоа е изборот на најдобрата фотографија.
Со цел да создаде нови искуства и да им го олесни процесот на креирање профили на корисниците, Tinder одлучи да користи вештачка интелигенција која ќе ја заврши работата за корисникот.
Бернард Ким, директорот на Match Group изјави за TechCrunch дека функцијата за избор на фотографии со помош на вештачка интелигенција има за цел да ја елиминира маката за пронаоѓање фотографии и да помогне да се градат профили кои точно ги претставуваат корисниците
Покрај изборот на најдобрите фотографии, Match Group тестира и други функции што планира да ги објави на Tinder во следните месеци.
Станува збор за автоматско креирање резимеа на содржини, односно описи на профили, со кои корисниците можат да имаат уште повеќе проблеми отколку со избирање фотографии.
Сепак, Match Group сака да биде претпазлив во пристапот кон користење на вештачка интелигенција за управување со корисничка содржина. „Мораме да бидеме многу внимателни за да бидеме сигурни дека правилно размислуваме за автентичноста, етичките и приватноста“, рече Ким.