Електронскиот уред за загревање на тутунот IQOS, што претставува подобра алтернатива на цигарите, може да се набави на три нови продажни локации во Schatze парфимериите во Скопје. По успешната соработка со Schatze парфимеријата на Широк Сокак во центарот на Битола, локација која стана IQOS партнер во 2021 година, уредот ќе може да се купи и во Schatze парфимериите во скопските населби Центар, Капиштец и трговскиот центар Бисер.
На трите нови продажни локации, сите полнолетни пушачи ќе можат да се запознаат со уредите и да дознаат повеќе за нив, нивното користење и напредна технологија, a за корисниците достапни се услугите како чистење на уредите, купување аксесоари, замена на стар уред за нов, корисничка поддршка и друго.
Освен во Скопје, овој уред е достапен и кај продажните партнери во повеќе градови во земјата. Во главниот град има вкупно шест IQOS зони и тоа во трговските центри Ист Гејт Мол, Скопје Сити Мол, Капитол Мол, Рамстор Мол, новоортворената зона во Веро Тафталиџе и мобилните зони во Поинт Рител Парк и Охрид. Покрај тоа, овој производ може да се купи и онлајн преку IQOS веб-страницата.
Во развојот на иновативната технологија на овој уред, компанијата Филип Морис вложи 10,5милијарди долари во текот на десет години истражувачка работа и посветеност на повеќе од 400 врвни научници и експерти. Уредот е достапен во 80 земји во светот, а повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.