Како што се приближува лансирањето на претстојната iPhone 15 серија смартфони на Apple, се повеќе се појавуваат неофицијални спецификации за уредите, а меѓу нив се и USB-C конекторите за iPhone 15
Технолошкиот гигант Apple треба конечно да се префрли на USB-C приклучок на промоцијата на својата претстојна серија телефони, а социјалната мрежа X (поранешен Twitter) неофицијално објави фотографии од наводните портиови за iPhone 15 прикачени на флексибилни склопови на PCB. Ова се наводните USB-C конектори за моделите iPhone 15, iPhone 15 Plus и iPhone Pro Max.
Фотографиите ги објави профилот @John011235, кој во описот на својот профил се претставува како програмер и таканаречен „дојавувач“, односно некој што јавно споделува инсајдерски информации.
Врз основа на претходните гласини, се очекува iPhone 15 и 15 Plus да имаат USB 2.0 стандардни конектори кои ги нудат истите брзини на пренос на податоци од 480 Mbps и брзина на полнење од 20 W како претходниот таканаречен Lightning порт на Apple.
Од друга страна, се вели дека моделите iPhone 15 Pro и Pro Max ќе добијат USB 3.2 конектори кои го нудат првото забележително зголемување на брзината на полнење за iPhone од 2012 година.
iPhone 15 Plus and 15 c.c flex pic.twitter.com/PYLyYKKKWR
— fix Apple 🍏 (@lipilipsi) August 8, 2023
Сепак, претходните извештаи сугерираат дека компанијата сепак ќе го ограничи преносот на податоци и брзината на полнење на USB-C каблите и додатоците кои не се дел од нејзината програма Made for iPhone (MFi). Сепак, тоа е голема промена за компанијата со оглед на тоа што практично е принудена на ваков потег.
Имено, ова доаѓа во екот на борбата на Европската унија со одредени технолошки компании, меѓу кои и Apple, во врска со воведувањето стандардизирани USB-C портови кај уредите. Унијата донесе закон минатата година според кој многу уреди со жично полнење ќе мораат да бидат опремени со USB-C порт за воопшто да се продаваат на овој пазар.
Иако компанијата во согласност со регулативите на ЕУ, има рок до крајот на 2024 година да се прилагоди на новиот закон, се чини дека веќе годинашната iPhone 15 серија ќе добие премин од својот „специјален“ Lightning на USB-C порт. Уредите треба официјално да бидат претставени следниот месец, а најновата информација на познатиот новинар на Bloomberg, Марк Гурман гласи дека претставувањето ќе се одржи на 12 септември.