Arm, компанија во сопственост на јапонската SoftBank планира да ги пушти своите акции во продажба, а најзаинтересирани се најголемите купувачи: Apple, Samsung и Nvidia
Британскиот дизајнер на чипови, компанијата Arm игра клучна улога во технолошката индустрија. Тие се специјализирани за лиценцирање дизајни на чипови на компаниите, дозволувајќи им на технолошките гиганти да ги произведуваат и прилагодуваат полупроводниците во нивните фабрики.
Некои од најголемите клиенти на Arm се токму оние кои планираат најголеми инвестиции: Apple, Samsung, Nvidia и Intel, кои сите ја користат архитектурата на Arm во своите чипови.
Според пишувањето на Nikkei Asia, Arm планира да продаде неколку проценти од секоја од овие компании за да помогне во стабилизирање на нивните цени. Arm ги објави своите планови за иницијална јавна понуда (IPO) минатата година, откако договорот со Nvidia од 40 милијарди долари за купување на компанијата пропадна поради „значајни регулаторни проблеми“. Во интервју за Decoder минатиот септември, извршниот директор на Arm, Рене Хас истакна дека донел одлука да поднесе барање за IPO, бидејќи компанијата „почна да се врти кон други пазари“, како што се лиценцирање дизајни на чипови за производи за компјутерски облак.

„Го диверзифициравме нашиот бизнис не само со развивање на различни производи, туку и со решавање преку различни делови од стратегијата за бизнис модел“, рече Хаас. „Знаевме дека нашиот бизнис ќе биде добар. Сите финансиски резултати што ги гледате сега, кои се одлични и тимот заврши фантастична работа, навистина произлегуваат од работата што беше направена пред неколку години“.
Претходно оваа година, Intel објави дека ќе соработува со Arm за производство на чипови на Intel 18A процесот. Во меѓувреме, Qualcomm, NXP Semiconductors и другите производители на чипови се обидуваат да го предизвикаат Arm со развивање на сопствена компанија за развој на ривалска RISC-V архитектура.

