Xiaomi Mix Fold 3 официјално ќе биде претставен во понеделник, 14 август, но основачот и извршен директор на Xiaomi, Леи Јун, го откри неговиот дизајн.
Јун го опиша новиот смартфон со три збора: тенок, елегантен и премиум и објави фотографии на својот X профил и на социјалната мрежа Weibo.
Смартфонот ќе има четири Leica камери вклучувајќи перископ објектив, а ќе го имаат само неколку од годинашните „хоризонтални модели“, вклучувајќи ги Google Pixel Fold и Huawei Mate X3. За жал, ниту еден од овие преклопни смартфони не е глобално достапен, иако само Huawei се наоѓа под санкции.
Според достапните информации, Xiaomi Mix Fold 3 ќе биде водоотпорен, ќе има камера сместена под екранот и ќе поддржува жично полнење од 67 W и безжично полнење од 50 W.