Стар човечки череп пронајден во Кина се разликува од сите други черепи на луѓето и нашите предци. Черепот не наликува на череп на неандарталец, ниту денисовец, ниту модерен човек.
Древниот череп бил пронајден во Хуалонгдонг во 2019 година, а оттогаш научниците се обидуваат да откријат за каков човек станува збор. Лицето на овој вид наликува на она на модерниот човек, но во брадата потсетува повеќе на денисовец. Меѓународна група на научници кои го анализирале черепот мислат дека откриле сосема нов вид кој е хибрид помеѓу модерните луѓе и нивни предци.
Меѓународниот тим научници го опиша древниот човечки чепер неодамна пронајден во Кина како различен од кој било друг хоминин досега забележан. Хоминините се племе на примати од подфамилијата хоминиди, кое ги вклучува видовите хомо и шимпанзата и нивните исчезнати предци. Имено, посмртните останки не наликуваат на лозата што се разделила на неандерталците, ниту на Денисованите (дениски човек), ниту на нас, што укажува дека на нашата сегашна верзија на човечкото семејно стебло и недостига уште една гранка.
Претходно, геномски студии за остатоците од неандерталците во Европа и западна Азија пронајдоа докази за четврта гранка на луѓе кои живееле во средниот до доцниот плеистоцен. Меѓутоа, никогаш не бил откриен фосил кој би ја потврдил оваа теорија.
„Фосилизираната вилица и черепот пронајдени припаѓаат на дете на 12 или 13 години. Додека неговото лице ги има карактеристиките на современите луѓе, екстремитетите и вилицата одразуваат попримитивни карактеристики“, пишуваат научниците.
Студијата, насловена како Морфолошки и морфометриски анализи на доцниот среден плеистоцен хоминин мандибула од Хуалонгдонг, Кина, беше објавена во Журналот за човечка еволуција.