Русија ја покрена својата прва мисија на површината на Месечината по речиси половина век, во обид да биде првата земја што слета на лунарниот јужен пол.
Ракетата „Союз-2.1б“ што го носи вселенското летало „Луна-25“ беше лансирана од космодромот „Восточниј“ на 5.550 километри источно од Москва во 2:11 часот по московско време. Лендерот na РОСКОСМОС треба да слета на Месечината на 23 август, објави руската вселенска агенција.
Руската лунарна мисија, прва од 1976 година, се натпреварува со Индија, која минатиот месец го испрати својот лунарен лендер Chandrayaan-3, и со САД и Кина, земји со напредни програми за истражување на Месечината.
Со векови, астрономите се прашувале за вода на Месечината, природниот сателит на Земјата, која е 100 пати посува од пустината Сахара. Мапите на NASA во 2018 година покажаа воден мраз во делови на Месечината во сенка, а во 2020 година NASA го потврди постоењето на вода во областите осветлени од сонцето.