По неколку најави, дојде денот кога Microsoft одлучи целосно да го отстрани својот виртуелен гласовен асистент, Cortana од Windows 11
Microsoft на почетокот на август објави дека ќе ја исклучи Cortana на Windows 11, а сега тоа и официјално се случи. Корисниците повеќе не можат да го користат овој виртуелен гласовен асистент, а како што објавивме претходно, ќе биде заменет со голем број алатки напојувани со вештачка интелигенција, вклучувајќи го и Copilot.
„Cortana е застарена како самостојна апликација во Windows“ гласи известувањето што го добиваат корисниците на Windows 11 кога ќе се обидат да го стартуваат виртуелниот гласовен асистент на Microsoft.
За потсетување, Cortana првпат беше претставена од Microsoft во 2015 година во оперативниот систем Windows 10, како виртуелен асистент и еден вид конкурент на Alexa, Siri и Bixby. Сепак, гласовниот асистент на Microsoft никогаш не заживеа, па затоа компанијата конечно реши целосно да го отстрани.