Една компанија за емулатори покажа дека Windows XP работи на уредот за мешана реалност на Apple – Vision Pro. Вистинскотото деби на хедсетот е за уште неколку месеци, но во меѓувреме, програмерите подготвуваат свои решенија за него преку visionOS програмерскиот кит.
Некои од нив се чини дека наоѓаат доста интересни потенцијални апликации, вклучувајќи го и инсталирањето на Windows. На пример, Turing Software успеа да го направи тоа со Windows XP.
Во споделеното демо, можеме да видиме како се подигнува Windows XP, но сепак не се подигнуваат апликациите. UTM забележува дека моментно нема врска за тастатура или други влезни уреди.
UTM is now running on Vision Pro (simulator)! Still need to implement input devices but here's a sneak peek. pic.twitter.com/xYnSgTdXpi
— UTM (@UTMapp) August 8, 2023
Компанијата е позната по своите виртуелни машини за Mac, кои овозможуваат инсталирање на различни верзии на Windows или Linux. UTM користи рамка за виртуелизација на Hypervisor за да ги ппокрене оперативните системи ARM64 за системите базирани на процесорите на Apple.