За еден месец Apple ќе ја претстави својата нова iPhone 15 серија паметни телефони. Одредени детали, како и обично, се веќе познати, а некои извори велат и ќе биде ажурирана и актуелната iPhone 14 серијата.
Apple треба да одржи уште еден медиумски настан кон средината на следниот месец, на 12 или 13 септември, каде ќе ја претстави новата генерација на iPhone и останатите новитети подготвени за есенската сезон. Веќе стана познато како ќе изгледаат новите iPhone 15 и 15 Pro, каков хардвер би можеле да донесат и колку би можеле да чинат.
Деновиве кружат нови информации поврзани со надградбата на новите смартфони на Apple, но тие не се однесуваат на претстојниот iPhone 15, туку на актуелната генерација, означена како iPhone 14. Според извори кои го анализираa новиот оперативен систем за AppleTV, tvOS 17.0 ( во верзијата Бета 5), може да се најдат референци за два нови iPhone модели кои моментно не се достапни. Тие се наведени со нивните кодни ознаки, па внимателните следбеници и познавачи на таквото обележување декодираа што всушност значат ознаките. Тие велат дека станува збор за моделите iPhone 14 и iPhone 14 Plus, кои од есен ќе добијат нови верзии.
Ова може да значи само едно – верзиите на минатогодишните модели, подготвени за оваа година, ќе бидат ажурирани, а главната промена би требало да биде додавањето на USB-C порт. iPhone 15 линијата ќе има и ваков тип на конектор, меѓу другото поради притисокот од европските регулативи, што може да го направи Lightning конекторот минато по цели 11 години (барем кога станува збор за новите iPhone уреди).
Доколку оваа информација се покаже како точна, само iPhone 14 моделите (помалиот и поголемиот) веројатно ќе останат во понудата (надградени со USB-C), додека iPhone 14 Pro и 14 Pro Max ќе отстапат место на новата линија. iPhone 15 ќе доаѓа во четири верзии, две „основни“ 15 и 15 Plus и две „напредни“, 15 Pro и 15 Pro Max.
Со овој потег, Apple би ја префрлил речиси целата своја понуда од Lightning на USB-C. По сопствен стандард, од мобилните телефони би останал само iPhone SE (кој исто така наскоро треба да добие ново издание). Веќе некое време, iPad уредите се испорачуваат со USB-C приклучок со секој нов модел, па можеме да заклучиме дека ерата на воведување нови уреди со Lightning конектори е завршена.