Соларната сонда „Паркер“ на американската Национална воздушно-вселенска администрација NASA, како што се предвидува, oвој месец ќе го направи своето шесто прелетување над Венера.
Леталото ја користи гравитацијата на планетата за самото да се доближи до Сонцето. Лабораторијата за применета физика „Џон Хопкинс“ во Лорел, Мериленд и тимот на мисијата испратиja серија команди што му овозможија на „Паркер“ да изврши кус и прецизен маневар на 3 август како подготовка за шестото блиско прелетување над Венера в понеделник, 21 август.
Вселенското летало така ќе се наоѓа на 7,2 милиони километри од Сонцето и ќе достигне брзина поголема од 635.275 км/ч. Според NASA, тоа ќе значи соборување на својот рекорд во брзина и во оддалеченост од нашата ѕвезда. Сондата во јуни беше на 8,3 милиони километри од површината на Сонцето.
NASA натаму планира уште едно прелетување на Венера и приближување до Сонцето на околу 6,2 милиони километри. За споредба, нашата Земја е оддалечена 149 милиони километри од него. „Паркер“ притоа треба да достигне брзина од 700.000 км/ч, но тоа е предвидено за 2024 година.
Exciting news! Parker Solar Probe is ready for its closest trip past Venus, thanks to a course correction on Aug. 3. This will be the sixth of seven approaches using Venus’ gravity to tighten its orbit around the Sun. Learn more: https://t.co/qH1Yh4DsRh pic.twitter.com/vRVRDRItVM
— NASA Sun & Space (@NASASun) August 10, 2023
Според науниците, секоја таква можност нуди собирање вредни податоци за врелата, џиновска огнена топка и нејзиното влијание врз Сончевиот Систем.
Сондата полета во 2018 година, а во 2021 стана првото вселенско летало направено од човек, што „го допрело“ Сонцет. Тоа значи дека леталото навлезе низ тн. Корона, т.е. горната атмосфера на нашата ѕвезда. Сондата е заштитена со напреден штит што може да ја издржи топлината и зрачењето од Сонцето.
It’s a big day for Sun-watching spacecraft! Two members of our fleet have major milestones today ⬇️ pic.twitter.com/RgYq9G5L5w
— NASA Sun & Space (@NASASun) August 12, 2023
Научниците во оваа мисија се обидуваат да разоткријат што повеќе сознанија за нашето Сонце, како што е зголемената температура на Короната во однос на површината на ѕвездата. Тие, исто така, сакаат да го проучат Сончевиот ветер што постојано се менува, и исфрла наплив од интензивно наелектризирани честички во Вселената.