Xiaomi минатата година го претстави Mix Fold 2, најтенкиот преклопен телефон на светот, а сега пристигнува и наследникот Mix Fold 3, кој носи многу подобрувања
Интересно е што Xiaomi Mix Fold 3 е уште потенок од неговиот претходник, со димензии од само 5,26 мм кога е расклопен и 10,89 мм кога е склопен. Инженерите на Xiaomi дизајнираа нова вертикално наредена матична плоча што помогна да се намали големината на телефонот.
Шарка
Xiaomi разви и сосема нова шарка која се состои од 198 компоненти и зафаќа 17% помалку внатрешен простор. Новата шарка доаѓа со структура од 3 елементи и 14 микро шарки кои се внесуваат во главниот преклопен екран за подобрена издржливост и ротирачки механизам од јаглерод-керамички челик. Новата шарка на Xiaomi Mix Fold 3 поддржува и отворање под агли од 45°-135° што ви овозможува да го поставите телефонот како мал лаптоп.
Екрани
Xiaomi Mix Fold 3 има два E6 OLED дисплеи. Главниот 8,03-инчен LTPO панел носи резолуција од 2.160×1.960 пиксели и променлива стапка на освежување од 120 Hz. Поседува ултра тенко стакло (UTG) и носи поддршка за HDR10+ и Dolby Vision. Надворешниот LTPO OLED екран од 6,56 инчи е покриен со заштитен слој Gorilla Glass Victus 2 и донесува максимална осветленост до 2.560 нита во автоматскиот режим, пренесува GSMArena.
Камери
Xiaomi го опреми Mix Fold 3 со систем со четири камери со Leica оптика, но за жал, не се во прашање истите од Xiaomi 13 Ultra. Главната камера користи 50 MP (23 mm equiv) Sony IMX800 со OIS, како и ултраширок модул од 12 MP (15 mm equiv). За зумирање, се користи телефото камера од 10 MP (75 mm) со 3x зум и перископ модул од 10 MP (115 mm) што овозможува оптички зум до 5x. Двата телефото модула имаат оптичка стабилизација.
Snapdragon 8 Gen 2
Под хаубата, Xiaomi Mix Fold 3 има Snapdragon 8 Gen 2 чипсет со до 16GB RAM и простор за складирање до 1TB. Mix Fold 3 добива и поголема батерија од 4.800 mAh со исто жично полнење од 67 W како и Mix Fold 2, но со дополнително безжично полнење со максимална моќност од 50 W. Софтверската страна е покриена со MIUI 14 интерфејсот базиран на оперативниот Android 13 систем.
Цени
Најавените цени за Кина почнуваат од 1.240 долари за 12/256 GB, над 1.377 долари за 16/512 GB до 1.515 долари за најмоќната верзија со 16 GB RAM и 1 TB простор. Продажбата во Кина започнува за два дена, а глобалните цени и евентуалната достапност не се споменати.