iPhone 16 Pro и Pro Max следната година може да вклучуваат поддршка за Wi-Fi 7, како и сензор од 48 MP со оптика со ултраширок агол. Податоците доаѓаат од аналитичарот Џеф Пу од Haitong International Securities.
Моделите со Wi-Fi 7 ќе можат да работат на три фреквенции: 2,4 GHz, 5GHz и 6GHz истовремено. Ќе можат да се постигнат повисоки брзини на пренос, посигурна врска и помала латентност. Во меѓувреме, Apple го користи Wi-Fi 6E, стандард кој е присутен во актуелните iPhone 14 Pro и 14 Pro Max, а се очекува и во Pro верзиите од iPhone 15 Pro серијата.
Префрлувањето на сензор од 48 MP зад објективот со ултра широк агол ќе доведе до постигнување повисок квалитет дури и при послаба амбиентална светлина. Можно е ова да овозможи и снимање во 48MP ProRAW.