Научниците потврдиле дека вселенскиот телескоп James Webb (JWST) минатата година, кратко откако првите фотографии од овој моќен телескоп го обиколиле светот, пронашол една од најстарите досега видени галаксии, пишува Science Alert.
Спектроскопската анализа потврдила дека оваа црвена дамка, која подоцна го добила името „Мејсис галакси“, настанала само 390 милиони години по Големата експлозија, односно дека станува збор за една од најраните галаксии во вселената која досега сме ја забележале. Значи, светлината од оваа галаксија патувала околу 13,4 милијарди години пред да ја фатат моќните „очи“ на JWST.
Овие резултати потврдуваат дека раната вселена била многу пополна од тоа што би се очекувало.
„Тоа што е возбудливо во врска со оваа галаксија е тоа дека е една од првите оддалечени галаксии која ја пронајде James Webb“, рекол астрономот Стивен Финкелстин од Универзитетот Тексас, кој и го дал името на галаксијата по својата ќерка Мејси, на чиј роденден минатата година галаксијата била откриена.