Електронскиот уред за загревање на тутунот IQOS, што претставува подобра алтернатива на цигарите, може да се набави на новата локација на IQOS караванот, моментно поставен во Крива Паланка. Караванот е лоциран веднаш до градскиот плоштад, а работното време е од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот. На оваа локација, IQOS караванот ќе биде поставен до 29 август.
На новата продажна локација, сите полнолетни пушачи ќе можат да се запознаат со IQOS уредите и да дознаат повеќе за нив, напредната технологија на контролирано загревање, a за корисниците достапни се услугите како чистење на уредите, купување додатоци, замена на стар уред за нов, корисничка поддршка и друго.
Освен во Крива Паланка, овој уред е достапен и кај продажните партнери во повеќе градови во земјата. Во главниот град Скопје има вкупно шест IQOS зони и тоа во трговските центри Ист Гејт Мол, Скопје Сити Мол, Капитол Мол, Рамстор Мол, новоортворената зона во Веро Тафталиџе и мобилните зони во Поинт Рител Парк и Охрид. Покрај тоа, овој производ може да се купи и онлајн преку IQOS веб-страницата.
Во развојот на иновативната технологија на овој уред, компанијата Филип Морис вложи 10,5милијарди долари во текот на десет години истражувачка работа и посветеност на повеќе од 400 врвни научници и експерти. Уредот е достапен во 80 земји во светот, а повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.