Ажурирањето на Samsung носи поголема удобност за повеќе корисници низ целиот екосистем на Samsung Galaxy
Со новото ажурирање Samsung носи избрани функции од најновиот One UI на уредите од претходната генерација. Овој значаен чекор е дел од тековната мисија на компанијата за подобрување на екосистемот Галакси за максимална продуктивност и забавно искуство на корисниците. Ажурирањето ќе помогне водечките иновации воведени во сериите Galaxy Z Fold5, Z Flip5, Tab S9 и Watch6 сериите да стигнат до повеќе корисници ширум светот.
Со цел на корисниците да им се обезбеди посовршено и унапредено искуство со уредот, ажурирањето на софтверот One UI 5.1.1 доаѓа за уредите Galaxy Z Fold4 и Z Flip4 почнувајќи од овој месец, а постепено кај уредите Z Fold3, Z Flip3, Z Fold2 и Z Flip. Исто така и корисниците на таблети Galaxy Tab S8, Tab S8+, Tab S8 Ultra, Tab S7, Tab S7+, Tab S7 FE, Tab S6 Lite, Tab A8, Tab A7 Lite, Tab Active 3 и Tab Active 4 Pro ќе уживаат во неколку нови функции како дел од ажурирањето на One UI 5.1.1. Корисниците пак на Galaxy Watch5, Watch5 Pro, Watch4 и Watch4 Classic ќе уживаат во важни новини со ажурирањето на One UI 5 Watch.
Прочитајте подолу за детали за овие ажурирања кои ви носат сосема ново ниво на иновации и продуктивност.
Отворете нови начини за интеракција со вашиот уред
One UI 5.1.1 им помага на корисниците на моделите на телефони Galaxy Z Flip4 и Z Fold4 да уживаат во омилените медиуми и содржини полесно од кога било досега со флексибилен режим на работа, благодарение на низата подобрени функции и карактеристики.
Ова ажурирање ви овозможува полесно да го прикажете или сокриете панелот за флексибилен режим. Кога ќе го преклопите телефонот во флексибилен режим, иконата на панелот ќе лебди на екранот и ќе ви овозможи лесен пристап. Уживајте во поперсонализирано искуство со користење на панелот за флексибилен режим со едноставно влечење и пуштање икона на лентата со алатки. Овој приспособлив панел им овозможува на корисниците лесен пристап до функции како што се повеќе прозорциc, подлога за допир, снимање на екран и повеќе.
Со новото ажурирање, копчето за стартување на медиуми е погодно лоцирано при активиран флексибилен режим, заедно со пристапот за брзо напред и премотување за 10 секунди. Можете исто така да притиснете под содржината за да ја поместите лентата за содржина напред или назад. Кога уживате во филм во флексибилен режим, можете брзо да ја премотувате напред или назад омилената содржина со еден допир на вашата персонализирана лента со алатки на панелот за флексибилен режим, или можете да отворите нов прозорец за да одговорите на порака или да пребарувате прегледи на интернет без да го прекинувате гледањето.
Извршување на повеќе работи истовремено за поразнолико искуство со уредот
Мултитаскинг искуствотото за телефони и таблети што се преклопуваат дополнително ќе се подобри. Додека уживате во видео содржините на вашиот уред Galaxy Z Fold4, Z Flip4 или Tab S8, можете лесно да го отворите Samsung Internet во нов pop-up прозорец за да пребарувате нешто без да го прекинете емитувањето на содржината. Кога ќе завршите со прелистувањето, прозорецот едноставно може да се повлече до работ на екранот, каде што совршено ќе се вклопи на своето место. Ако сакате повторно да пристапите на Samsung Internet, само допрете го тоа место за да го отворите прозорец со претходната локација.
Можете интуитивно да се префрлате по повеќе pop-up прозорци со притискање и држење на рачката на горниот дел од прозорец. Новото ажурирање значи полесно стартување и контрола на екранот, овозможувајќи ви беспрекорно да се префрлате на поделен екран и лесно да го контролирате екранот со едноставно долго притискање на рачката што се појавува.
Повлекувањето и пуштањето со две раце сега е поддржано на главниот екран на вашиот телефон и таблет на преклопување за да можете да ја отворите саканата апликација со едната рака, а потоа да влечете датотека, икона апликација или друг елемент во избраната папка или локација со другата рака. Со ова ажурирање, уште побрзо е споделувањето фотографии од вашата галерија со пријател преку апликацијата за пораки.
Со најновото ажурирање, корисниците на Galaxy Z Fold4 и Tab S8 можат да го подигнат нивото на продуктивност, и за работа и за игра, благодарение на иновативните додатоци на лентата со задачи, која сега овозможува молскавично префрлување на дури четири неодамнешни апликации.
Подигнете ја на повисоко ниво вашата благосостојба и изразете ја вашата личност со Galaxy Watch
Ажурирањето на One UI 5 Watch за сериите Galaxy Watch5 и Watch4 носи повеќе персонализирани велнес функции кои ќе ви помогнат да бидете поздрави, како и повеќе приспособливи опции за дизајн што можат совршено да одговараат на вашиот животен стил.
Со подобрената функција за контрола на спиењето, корисниците можат подобро да ги разберат личните шеми на спиење преку поинтуитивен интерфејс со детална анализа на факторите за резултат на спиење, континуитет на спиење и симболи за сон како животните. Корисниците исто така можат да пристапат до 10 совети за спиење директно од нивниот зглоб, што ќе им овозможи полесно да го следат личниот напредок и да останат мотивирани во текот на денот.
Исто така, за ноќен одмор, важно е да се организира средина погодна за спиење. Кога е време да си легнете, вашиот Galaxy Watch може да ви помогне да ја поставите вистинската средина со автоматско прилагодување на поставките на поврзаните домашни уреди. Дополнително, кога е активиран режимот на мирување, се активира невидливиот инфрацрвен LED сензор на часовникот за да се минимизираат дури и најмалите пореметувања на средината за спиење.
Ажурирањето на One UI 5 Watch ви овозможува да уживате во персонализирани алатки за фитнес за да ги поставите и постигнете вашите цели. Функцијата за персонализирана зона на отчукувањата на срцето ги анализира вашите физички способности и дефинира пет оптимални нивоа на интензитет на трчање, а покрај над 100 постоечки типови на вежби кои се следат, сега можете да го снимате вашиот тренинг на лента за трчање преку истоимената функција дури и да развиете и следете сопствена рутина за вежбање со функција на индивидуален тренинг. Уште понапредните GPX функции се достапни за корисниците на Galaxy Watch5 Pro, така што тие сега можат полесно да истражуваат и освојуваат нови рути преку базата на податоци GPX со датотеки. Покрај тоа, можете лесно да пребарувате и преземате разни GPX-датотеки на маршрути во близина на вашата локација. Функцијата за вежбање на рутата е проширена и сега поддржува трчање и одење, како и пешачење и возење велосипед.
Покрај тоа, корисниците на сериите Galaxy Watch5 и Watch4 имаат пристап до уште побогат избор на стилски и информативни теми на часовници кои совршено одговараат на вашиот стил и цели. Почнувајќи од оваа есен, корисниците на Galaxy Watch Active2 и Galaxy Watch3 исто така ќе можат да уживаат во некои од нив – Stretched time и Perpetual – за да ја изразат својата личност со стил.
Подобрено искуство во целиот Galaxy екосистем
Најновото ажурирање на One UI ја подобрува контролата на камерата на паметниот телефон за корисниците. Со новото посветено копче за брз пристап на вашиот Galaxy Watch, можете полесно далечински да ја контролирате спарената камера на Galaxy Z Flip4 директно од вашиот зглоб за да ги менувате режимите на камерата и зумирањето.