Новата функција би можела да биде претставена наскоро, но многумина се сомневаат во ефикасноста на овој систем.
Платформата Х, порано позната како Twitter, размислува да воведе верификација на идентитети преку лични документи за да се бори против лажните профили.
Овој потег беше предмет на бројни гласини откако Елон Маск ја купи платформата.
Информациите дојдоа од независниот истражувач Нима Овиди, кој сподели скриншот на кој се прикажани материјалите што корисниците на Premium ќе треба да ги користат за да го потврдат својот идентитет.
Меѓу нив има лична карта и уред со камера – веројатно паметен телефон. Проверката ќе трае околу пет минути. Во пораката се наведува и дека корисниците треба да бидат подготвени да се фотографираат и да испраќаат фотографии од нивните лични карти.
#X keeps working on the ID verification. You should upload a photo of your ID and take a live selfie. https://t.co/3bdGgzlnZh pic.twitter.com/F4ssglakHR
— Nima Owji (@nima_owji) August 16, 2023
Ако ги прочитате ситните букви, пишува дека X ќе ги складира сликите на вашите документи и биометриските податоци на своите сервери до 30 дена. Во овој период, платформата ќе ги споделува вашите податоци со компанијата за проверка на идентитетот.
Датумот на лансирање на оваа функција е непознат, но важно е да се напомене дека таа очигледно ќе биде опционална за корисниците на Premium. Постои сомнеж дека ова всушност ќе ги спречи лажните сметки на платформата X.