-
Македонски Телеком ја прави 5G технологијата достапна за секого со воведувањето на T Tablet и новите надградени T Phones
-
Со екран од 10,4 инчи и време на траење на батерија до 13 часа, T Tablet е совршен за стриминг, забава, пребарување и учење во движење
Македонски Телеком, како дел од Групацијата Дојче Телеком, е посветен на зголемувањето на 5G поврзаноста за своите корисници, без разлика дали станува збор за инвестиции во инфраструктура, обезбедување мрежа, развој на тарифи или достапност на уреди.
Покриеноста со 5G која до крајот на годината ќе биде 70% нè доближува до вистинска дигитална иднина. Пропусниот опсег и неверојатните брзини од петтата генерација на технологии овозможуваат моментален и постојан пристап до сите потребни ресурси за поврзан живот. И додека 5G мрежата станува широко достапна, растечкиот јаз меѓу оние кои можат и оние кои не можат да си дозволат уреди со 5G сè повеќе се зголемува.
Лансирањето на новиот T Tablet со достапна цена ќе и овозможи на пошироката популација пристап до можностите кои ги отвора 5G технологијата на повеќе полиња, од забава до образование.
Уредот има екран од 10,4 инчи, со можност за eSIM, предна камера од 8 MP и опција за складирање од 128GB или 2TB со Micro SD.
T Tablet, исто како T Phone, е резултат на партнерството на Дојче Телеком со Google, креиран за да обезбеди 5G пристап за секого – и е беспрекорна комбинација на хардвер, софтвер и мрежа. Уредот вклучува пристап до Google Kids Space, Google Entertainment Space и како дополнителна придобивка, 100GB простор за складирање на облак на Google One, во пробен период од три месеци.
„Горди сме што новиот Т Tablet се приклучува на семејството 5G уреди достапни за секого, заедно со T Phone и T Phone Pro. Со овие уреди, сè повеќе наши корисници можат да уживаат во безбројните можности на нашата 5G мрежа којашто постојано се шири. Посветени сме да ги поврземе сите и секаде, не само со најдобра мрежа, туку и со достапни уреди, затоа што веруваме во еднакво дигитално општество и широка употреба на технологијата“. – изјави Емилија Андоновска, Главен директор за приватни корисници.
Заедно со воведувањето на новиот T Tablet, Македонски Телеком ги претставува и новите надградени модели на T Phone и T Phone Pro: со нови бои – „Месечево сина“ (T Phone Pro) и „Прашливо сива“ (T Phone), двојно повеќе ROM меморија, NFC на T Phone, надградена предна камера на T Phone и Android 13 на двата уреди.
T Tablet и новите надградени модели на T Phone и T Phone Pro, исто така по достапни цени, ќе бидат во продажба од 24 август, заедно со низа нови додатоци од брендот Т, како што се футроли за телефони со заштитно стакло или безжични слушалки со функција за активно поништување на шум.
Претставувањето на овие 5G уреди на македонскиот пазар е дел од планот за воведување меѓународни производи на пазарите каде што е присутен Дојче Телеком – кои освен во Македонија ќе бидат достапни и во: Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Унгарија, Црна Гора, Полска, Романија, Словачка и САД.
Целосни спецификации
Т Tablet | |
Екран | 10,36” FHD; 2000×1200; 60Hz; 15:9 сооднос |
Задна камера | Задна страна: Систем со двојна камера 8MP главна + 2MP длабочина |
Предна камера | Селфи камера од 8MP |
Дигитално зголемување | Да |
Големина | Екран од 10,4 инчи |
Резолуција | 2000*1200, ~ 220ppi |
Процесор и чипсет | MediaTek Dimensity 700 / Octa Core – 2* 2,2GHz + 6*2GHz |
Оперативен систем | Android 13 |
Боја | Темно сива |
Батерија | 7000 mAh |
Батеријата може да се замени | |
RAM/ROM | 6GB/128GB (Micro SD 2TB) |
LTE DL/UL | 390/150 |
5G | Да |
VoLTE и VoWiFi | не (нема гласовна поддршка) |
WIFI | WiFi 5 |
NFC | Нема |
BT | 5.1 |
Модем | MT6833 |
Брзо полнење | 15W (5V3A) |
SIM/MC | Двојна SIM; eSIM+ Нано SIM + Микро SD слот |
AOB | 2 ажурирања на Android оперативен систем 4 години одржување на софтверска поддршка (MR) 3 години месечно Google SMR, 4-та година квартални SMR |
Димензии | 157,1 * 247,6 * 7,85 mm |
Заштита од вода и прашина | IP 52 |
Тежина | 488 грама |
Надградени карактеристики во споредба со изданието од 2022 година означено во магента боја: | ||
T Phone | T Phone Pro | |
Екран | 6,52 “ HD + w/2,5D стакло | 6,82 “ HD + w/2,5D стакло |
Камери | Задна страна |
Задна страна: 50MP, 5MP, 2MP, 2MP Предна страна: 16MP 2K @ 30fps видео |
Дигитално зголемување | Уредите поддржуваат дигитално зголемување и има посебна макро камера на двата уреди. | |
Меморија | 4GB RAM / 128GB ROM / до 2 TB SD картичка | 6GB RAM / 256GB ROM / до 2 TB SD картичка |
Батерија | од 4500 mAh / 26 часа VoLTE време за разговор | од 5000 mAh / 25 часа VoLTE време за разговор |
Батеријата може да се замени | ||
SIM/MC | SIM + MC | SIM + MC |
Безбедност | Отклучување со лице, сензор за отпечаток од прст | Отклучување со лице, сензор за отпечаток од прст |
Заштита од вода и прашина | IP52 | IP52 |
NFC/Bluetooth | Да | Да |
Безжично полнење | Нема | Да, 10W |
Брзо полнење | Да, 15W | Да, 15W |
Оперативен систем | Android 13 | Android 13 |
Чипсет | MediaTek Dimensity 700 / Octa Core – 2* 2,2GHz + 6*2GHz | MediaTek Dimensity 700 / Octa Core – 2* 2,2GHz + 6*2GHz |
Аудио квалитет | Двата уреди поддржуваат спецификации за HD Voice и EVS квалитет. | |
Бои | Прашливо сива | Месечево сина |
Димензии | 166,6 X 76,4 X 8,76 mm | 173,92 X 77,4 X 8,99 mm |
Тежина | 195 грама | 214 грама |
Може да се поправи | Да | Да |