Samsung неодамна ги лансираше најновите часовници Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic и истите се веќе достапни и кај нас. Линијата часовници Galaxy е веќе добро позната дека е создадена на своите корисници да им пружа врвно искуство поврзано со пратење на нивното здравје, последните модели на паметни часовници од серијата Galaxy Watch6 се уште повеќе подобрени во тоа.
Да се живее здрав живот треба да е сечиј приоритет, а огромен дел од остварување на оваа цел е присуството на физичката активност во нашиот живот. Сите знаеме декадисциплината за редовно вежбање е еден од најважните сегменти за одржување добро здравје. Без разлика дали вашата цел е насочена кон совршена форма, одржување кондинција, или пак кон здрав начин на живот, физичката активност, спортувањето или јогата треба да се одржува во текот на целата година. Сепак не секогаш е лесно да излеземе од нашата конфортна зона, ладните газирани сокови да ги замениме со ладен зелен чај, да ја облечеме опремата за вежбање и да се фрлиме на вежбање. Некогаш ни е потребна дополнителна мотивација, и токму во тоа можат да ви помогнат новите Galaxy часовници прееземајќи ја улогата на здравствен тренер кој ќе делува од вашиот зглоб со прецизно следење и снимање на здравствените податоци.
Добар сон за добро здравје
Секој ден започнува и завршува со сон, што го прави суштински дел од здравиот начин на живот. Покрај тоа, доброто спиење е поважно од долгото спиење, а новиот Galaxy Watch6 ви ги следи циклусите на спиење во текот на ноќта, прикажувајќи ви ги сликовито вашите циклуси на спиење. Штом ќе се разбудите, на вашиот зглоб ќе видите податоци за тоа колку минути сте биле будни пред да заспиете, потоа времетраењето на вашата РЕМ фаза од претходната ноќ, како и времетрањето на лесниот и длабокиот сон. Часовникот сеопфатно ја следи вашата активност додека спиете, како што се циклусите на спиење низ кои поминувате, мрдањето и вртењето, колку пати сте се разбудиле итн., обезбедувајќи вкупен резултат за спиење врз основа на квалитетот на сонот.
Функцијата за управување со спиењето на Galaxy Watch6 го анализира квалитетот на сонот на корисниците во четири фази врз основа на тоа колку длабоко спијат. Откако часовникот ќе сними и анализира седум дена сон, апликацијата го споредува типот на спиење на корисникот со други постоечки модели на спиење. Корисниците можат да добијат и прилагоден водич за обука за спиење со цел да ги подобрат своите навики за спиење.
Следете ги физичките активности и напредокот на вашето тело
Сета физичка активност ќе биде евидентирана во вашиот рачен часовник Galaxy Watch6 без разлика дали пешачите, трчате, пливате, практикувате јога или било кој друг спорт, а вашиот напредок исто така ќе можете да го следите на својот рачен зглоб. Дури и ако пред тренингот заборавите да означите почеток на вежбањето, бидете без грижи, бидејки Galaxy Watch6 преку вклучената автоматска детекција за вежби, веднаш препознава зголемена физичка активност и ги зачувува податоците. Тој ќе ја препознае вашата физичка состојба и со зачувањето на секојдневните параметри од вашето вежбање, ќе биде во можност да го мери срцебиењето според вашиот капацитет и да оптимизира зона за срцебиење што ќе ви одговара. Откако оваа зона ќе биде поставена, ќе можете да добивате известувања секој пат кога ќе бидете во неа за време на вашите тренинзи.
Вашиот Galaxy Watch6 ќе ви ја даде потребната мотивација да создадете здрави навики
Поминувањето повеќе време надвор со вежбање или активности на отворено може да ви помогне да се опуштите и да се поврзете со природата. Благодарение на зголемената издржливост и неговата паметна функционалност за помош при вежбање, Galaxy Watch6 е совршен партнер за вежбање, кој ви прави друштво и ви помага да останете мотивирани за време на секоја активност на отворено. Дисплејот одсафирен кристал и рамката од титаниум, ги прават Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic доволно цврсти, отпорни на гребаници и целосно водоотпорни. Ако уживате во пешачење или возење велосипед на долги растојанија, стандардните паметни функции базирани на GPS ви помагаат да ја мапирате вашата рута, а доколку сте во странство, со меѓународниот роаминг на Galaxy Watch6 ви овозможува да продолжите да ги користите картите и да знаете каде треба да се движите.
Поврзете го вашиот часовник со вашиот телефон
Како што сите Galaxy уреди можат меѓусебно да се поврзуваат, така и часовникот можете да го поврзете со вашиот телефон и таблет, при што податоците кои вашиот часовник ги содржи за вашето здравје и благосостојба, веднаш ќе се префрлат во другиот уред и на поголем и попрегледен екран ќе имате увид во вашиот напредок кој ќеги опфаќа сите параметри кои тој ги пресметува и зачувуваво временски интервали.
Со серијата паметни часовници Galaxy Watch6 исто така можете слободно од вашиот зглоб да одговарате на повици или пораки, но не само тоа, туку и ако го поврзетечасовникот со вашиот нов Galaxy Z Flip5, можете да пристапите во вашиот телефон и оттаму со еден клик да правите фотографии или видеа од далечина и секако да зумирате.
Новите паметни часовници Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic се веќе присутни кај нас од 11 август. Но, погледнете ги другите најнови паметни уреди од серијата Galaxy на Samsung со кои вашиот живот ќе го направат полесен и повеќе ќе уживате. Ако сте студент или професионалец кој е постојано во движење или ако барате уред кој е како компјутер кој што ќе го користи целото домаќинство, новите таблети Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+ и Galaxy Tab S9 Ultraсе одличен избор. Ако размислувате за промена на телефонот, или едноставно ако не можете да одолеете на врвниот дизајн и единствен шарм на новите Foldables телефони, задолжително погледнете ги новите Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5.
Сите производи можете да ги разгледате на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/
https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-classic-47mm-silver-bt-sm-r960nzsaeuc/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/
https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-wi-fi-graphite-128gb-sm-x710nzaaeuc/