Дојавувачот Ice Universe вели дека претстојниот Galaxy S24 Ultra ќе има поширок екран од неговиот претходник, поради што, меѓу другото, заклучува дека повеќе нема да биде закривен
Знаејќи ја политиката на Samsung, многумина очекуваат Galaxy S24 Ultra да има подобар систем на камери, помоќен чипсет и евентуално побрзо полнење. Но, според информациите објавени од Ice Universe, претстојниот флегшип на Samsung ќе има нешто што корисниците на социјалните мрежи го бараат веќе некое време – рамен екран.
„Нагаѓајќи од ширината од 79 мм и некои други информации, Galaxy S24 Ultra најверојатно ќе има рамен екран“, напиша Ice Universe на социјалната мрежа X.
За споредба, годинашниот Galaxy S23 Ultra има екран кој е широк 78,1 милиметри, токму поради заоблениот екран. Бидејќи е малку веројатно дека Samsung дополнително ќе го прошири екранот, лесно е да се претпостави дека во компанијата одлучиле да ги слушаат барањата на корисниците и да го направат рамен.
Guessing from the 79mm width and some other information, the S24 Ultra is likely to be a flat screen.
— ICE UNIVERSE (@UniverseIce) August 22, 2023
Samsung за прв пат претстави заоблени екрани со моделот Galaxy Note Edge, по што почнаа да ги ставаат повеќе или помалку на секој водечки модел. Во меѓувреме одлучија почетните модели од серијата Galaxy S да немаат заоблен екран, туку тој да биде резервиран само за Ultra.
Иако заоблениот екран му дава на телефонот премиум чувство во рака и изгледа привлечно, факт е дека понекогаш може да им зададе главоболка на корисниците. Во случајот со Ultra, речиси е невозможно да се користи S Pen на рабовите на екранот, а проблемот е што овој дел од телефонот не може соодветно да се заштити од кршење.