За разлика од своите претходници, iPhone 15 Pro Max и iPhone 15 Pro ќе пристигнат со титаниумска рамка, што очигледно ќе влијае и на боите на уредот.
iPhone 15 Pro наводно ќе биде достапен во титаниум сива и темно сина боја, за разлика од минатогодишните златни и виолетови модели.
Порталот 9to5Mac објави рендер на iPhone 15 Pro во новата титаниум сива боја. Во рендерот телефонот има заштитна обвивка. Не е познато дали ова ќе биде официјалното име на бојата, но тоа е помалку важно.
Во секој случај, остатокот од дизајнот е во согласност со претходните рендери на овој телефон. Ова значи дека iPhone 15 Pro ќе го задржи, во најголем дел, сличен дизајн на неговиот претходник. Така, на предната страна на уредот има екран со пилула на врвот, кој Apple го нарекува Dynamic Island. Станува збор за новитет кој пристигна минатата година со моделите iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max, а веројатно оваа функција ќе пристигне и кај стандардните модели оваа година – iPhone 15 и iPhone 15 Plus.
Она што не е видливо во овој рендер, а што го дознавме претходно, е промената на портот за полнење. Така, Apple конечно ќе го користи долгоочекуваниот USB-Type C конектор.
На задната страна на уредот има три камери поставени во триаголен формат, кој е идентичен со неговиот претходник.