Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО) објави фотографии и снимки од својот лунарен ровер на социјалната мрежа X, откако модулот Chandrayaan-3 успешно изврши меко слетување на јужниот пол на Месечината минатата недела.
Објавата вклучува фотографии и видео од излегувањето на роверот Pragyan, како и неговите први метри поминати на површината на Месечината, како и фотографии направени од роверот и податоци собрани од инструментите на мисијата.
На првото видео се гледа како роверот го напушта лендерот преку рампата и се спушта на површината на Месечината, а има и видео од спуштањето на лендерот до местото за слетување кревајќи прашина.
Here is how the Lander Imager Camera captured the moon's image just prior to touchdown. pic.twitter.com/PseUAxAB6G
— ISRO (@isro) August 24, 2023
ИСРО објави дека роверот преминал 8 метри и дека се активирани неговите два научни инструменти. Објавено е и видео снимено од камерата на лендерот, на кое се гледа како роверот заминува и речиси исчезнува од погледот на лендерот. Има и фотографии од моментот кога роверот наишол на голем кратер, поради што морал да го промени курсот.
Индија истакна дека целта на оваа лунарна мисија е успешно да слета на Месечината за да покаже дека оваа земја има способност да вози ровер на површината на Месечината и да спроведе научни експерименти со помош на инструменти поставени на роверот и лендерот.
… … and here is how the Chandrayaan-3 Rover ramped down from the Lander to the Lunar surface. pic.twitter.com/nEU8s1At0W
— ISRO (@isro) August 25, 2023
Познато е дека лендерот и роверот се опремени со инструменти за правење различни мерења во месечевата средина, вклучително и драстични температурни промени помеѓу површината на Месечината и почвата под неа.
Индија успешно слета на јужниот пол на Месечината неколку дена откако рускиот лендер Луна-25 се урна на површината на Месечината.
Chandrayaan-3 Mission:
On August 27, 2023, the Rover came across a 4-meter diameter crater positioned 3 meters ahead of its location.
The Rover was commanded to retrace the path.It's now safely heading on a new path.#Chandrayaan_3#Ch3 pic.twitter.com/QfOmqDYvSF
— ISRO (@isro) August 28, 2023