Huawei изненадно го лансираше својот нов флегшип паметен телефон Mate 60 Pro за претпродажба во Кина. Уредот доаѓа со интересен дизајн кој вклучува полуметален заден дел, голем тркалезен дел за главната камера, странична рамка со заоблен раб и три отвори на дисплејот.
Новиот смартфон користи OLED LTPO екран со дијагонала од 6,82 инчи, резолуција од 2720 x 1260 пиксели, адаптивна стапка на освежување до 120 херци и втора генерација Kunlun Glass заштитна обвивка. Трите отвори на предната страна вклучуваат сензор од 13 MP со објектив со ултраширок агол, како и сензори за напредниот систем за препознавање лице.
Во моментов, компанијата не го открива чипсетот (најверојатно Kirin 9000S), но уредот има 12GB RAM и до 1TB простор за складирање што може да се прошири. Батеријата има капацитет од 5000 mAh и поддржува брзо полнење до 88 вати жично и 50 вати безжично.
Главната камера на Mate 60 Pro вклучува сензор од 50 MP со оптичка стабилизација и прилагодлива решетка (f/1.4-f/4.0), 12MP со ултраширокоаголен објектив и 48MP со телефото оптика и оптичка стабилизација. Повторно се користи системот Xmage.
Телефонот софтверски се базира на HarmonyOS 4.0, а опциите за боја се зелена, виолетова, црна и сребрена. Компанијата додаде и можност за сателитска комуникација, вклучително и остварување повици. Уредот поседува и IP68 сертификат за водоотпорност.
Моделот со 512GB интерна меморија чини 900 евра, а засега нема информации дали телефонот официјално ќе се појави надвор од Кина.