Сите вљубеници во велосипедизмот сé уште имаат време да се пријават за учество во традиционалната хронометар велосипедска трка Халк Вело Грин која на 8 септември ќе се одржи во Маврово. Освен можноста да поминат еден убав празничен ден во дружба и забава, ќе можат и да се натпреваруваат, а доколку бидат меѓу првите три најбрзи и да добијат некоја од наградите што ги обезбедува ХалкбанкАД Скопје како организатор на трката.
Пријавувањето за учество во годинешната трка трае до 3 септември и се одвива преку www.smartrace.club, а вкупниотброј учесници е ограничен и доколку предвидениот број сепополни пред наведениот рок, пријавувањето ќе бидезатворено.
Котизацијата за учество во овој период изнесува 800 денари, а сите собрани средства, како и секоја година, ќе бидатнаменети за пошумување.
Трката Халк Вело Грин е дел од општествено одговорнитеактивности на Халкбанк насочени кон поттикнување и негување здрави животни навики и заштита на природата, а кои се реализираат преку платформата ХалкЕко. Започната во време на пандемијата, побудувајќи голем интерес кај огромен број луѓе кои го користат велосипедот за спортување, рекреација или како превозно средство, таа прерасна во традиционална трка што годинава ќе се одржи по четврти пат.
Натпреварувањето ќе биде организирано во две категории – ХОБИ и ДЕЦА (во машка и женска кокуренција), а се воведува и тимско рангирање. Во рамки на категоријата ХОБИ формирани се и подкатегории според возраста: мажии жени од 40 до 49 години, од 50 до 59 години и над 60 години. Во категорија ДЕЦА, ќе се натпреваруваат деца од 6 до 12 години, кои ќе возат 12 километри (до Никифорово и назад) и деца од 13 до 17 години, кои ќе ја возат целатадожина на патеката, односно 22 километри во насока Бистра-Леуново-Бистра.
Исто така, постои и можност за тимско пријавување каде што услов е да има најмалку тројца натпреврувачи од коинајмалку еден од тројцата учесници да е машко или женско. При пресметка на екипното време на тимот, предвид ќе сеземат времињата само на најдобрите три натпреварувачи/ки.Рангирањето ќе се изврши во една категорија (мешаниекипи) и најдобрите три тима ќе бидат наградени содипломи и трофеј.
За најдобрите велосипедисти во сите категории, Халкбанкповторно обезбеди вредни парични награди од 15.000, 10.000 и 5.000 денари за освоените прво, второ и трето место во категоријата ХОБИ, во машка и женска конкуренција. Во категоријата ДЕЦА, за најбрзите велосипедисти во двете подкатегории наградите изнесуваат 10.000, 5.000 и 3.000 денари. Паричните награди вокатегоријата ХОБИ ќе се исплатат на сметка на добитникотво Халкбанк и секој од добитниците ќе добие гратисMasterCard дебитна картичка.
Платформата ХалкЕко ја претставува „зелената агенда“ на Халкбанк преку која што таа реализира и поддржува низа проекти посветени кон зачувување на природата.