Социјалната мрежа Instagram, која е во сопственост на Meta ќе го продолжи времетраењето на својот формат Reels од 3 на 10 минути.
Instagram одлучи значително да го продолжи максималното времетраење на Reels, според угледниот развивач и советник Алесандро Палуци. Во моментов, Reels се ограничени на 3 минути, но скриншотовите објавени од Палуци покажуваат дека во иднина тие ќе бидат најмногу до 10 минути. Ова ефикасно ќе ја трансформира оваа социјална мрежа во постабилна платформа за споделување видеа, како YouTube.
Овој потег исто така ќе му овозможи на Instagram да се натпреварува со конкурентот TikTok, кој веќе им овозможува на корисниците да објавуваат видеа долги до десет минути. TikTok и Instagram исто така се „копираат“ еден од друг и наизменично воведуваат „нови функции“ што претходно ги имал ривалот.
Додека TikTok и Instagram се обидуваат да зграпчат дел од „тортата“ од долгите видеа, YouTube се движи во спротивна насока, односно се обидува да направи пробив во светот на видеата со кратки форми. Неодамна воведе алатки за создавачи и извор за откривање музика, што потсетува на TikTok. Деновите кога Instagram беше синоним за фотографии, TikTok за кратки клипови и YouTube за долги клипови очигледно се минато. Сите сакаат да понудат сѐ што има конкуренцијата.
Engadget доби потврда од Meta дека скриншотовите се вистински, но дека претставуваат „внатрешен прототип“ кој не се тестира надворешно.