Автомобилите со фотонапонски покриви кои генерираат струја за батерии, постојат веќе подолго време. Институтот „Фраунхофер“ во Фрајбург сега разви фотоволтаичен филм кој може да се постави на хаубата и се надеваат на масовно производство
Новина е што фолијата може да биде во која било боја, па практично е незабележлива, изјави за агенцијата ДПА проект менаџерот Мартин Хајнрих. Прототипот веќе работи на еден сериски автомобил. „Сега бараме партнери за понатамошен развој, а потоа и сериско производство со производителите на автомобили“, рече Хајнрих, проценувајќи го нето-трошокот за изработка на фолија во сериско производство на 100-150 евра.
Институтот наведува дека во Фрајбург, релативно сончев град на југозападот на Германија, автомобил кој се напојува од батерии исполнети со фолија на покривот и хаубата може да помине околу 4.000 километри годишно.
Покривот произведува околу две третини од потребната енергија. Фолиите можат да ги полнат батериите на чисто електрични и хибридни возила.
Производителите сега поставуваат фотоволтаични инсталации само во стаклените покриви на автомобилите. Верзијата на научниците на Фрауенхофер се држи до металот – прототипот е постар „Фолксваген Поло“.
Институтот ќе го претстави својот проект во Минхен, на саемот за мобилност ИАА на 5 септември.