Фановите на Samsung секако со нетрпение го очекуваат дебито на следната флегшип серија Galaxy S24. Доколку ги следевте гласините на нашиот сајт околу оваа линија, веќе сте свесни за некои од очекуваните иновации.
Секако најголемиот интерес е дали уредите ќе користат Exynos чипсет во Европа или ќе го задржат Snapdragon од актуелната Galaxy S23 серија. Инаку, сега има индикации дека Galaxy S24 Ultra повторно ќе користи сензор од 200 MP во главната камера.
Exclusive: Galaxy S24 Ultra main camera HP2SX, with the same specifications as HP2,200MP, 1/1.3 ",0.6μm.Looks like an optimized version of HP2. pic.twitter.com/BLNVRgwS1W
— ICE UNIVERSE (@UniverseIce) September 1, 2023
Според дојавувачот @UniverseIce, станува збор за Samsung ISOCELL HP2SX, кој се чини дека е оптимизирана верзија на ISOCELL HP2 достапна во Galaxy S23 Ultra. Сензорот ќе биде со големина од 1/1,3 инчи, со големина на пиксели од 0,6 микрони.
Би требало да видиме подобрувања во квалитетот на сликата, иако не драматични во однос на Galaxy S23 Ultra. Можеби нема да видиме некои критични иновации во идното дополнување, освен можното појавување на верзија со 2 TB простор за складирање фајлови.