По успешното слетување на Месечината, индиската вселенска агенција денеска лансираше ракета за проучување на Сонцето како дел од својата прва соларна мисија.
Ракетата остави трага од чад и оган додека научниците аплаудираа, покажа преносот во живо на веб-страницата на Индиската организација за вселенски истражувања (ISRO).
Речиси 500.000 луѓе го следеа преносот, а илјадници се собраа во близина на местото за лансирање за да го гледаат полетувањето на вселенското летало за проучување на сончевите ветрови, кои можат да предизвикаат поларна светлина на Земјата.
Голем удар во научна смислa
Именуван по хиндискиот збор за сонце, вселенското летало Aditya-L1 беше лансирано откако Индија ја победи Русија кон крајот на минатиот месец во трката да стане првата земја што слета на јужниот пол на Месечината.
Иако Русија имаше помоќна ракета, индиското вселенско летало Чандрајаан-3 ја надмина руската Луна-25 и успешно слета на површината на Месечината. Вселенското летало Aditya-L1 е дизајнирано да патува околу 1,5 милиони километри во текот на четири месеци до еден вид паркинг во вселената, каде што објектите главно остануваат на своето место поради балансирањето на гравитационите сили, што ја намалува потрошувачката на гориво на вселенското летало. Овие места се нарекуваат точки Лагранж, именувани по италијанско-францускиот математичар Жозеф-Луј Лагранж.
Мисијата има капацитет да направи „голем удар во науката“, рече Сомак Рејчаудхури, кој беше вклучен во развојот на некои од компонентите на опсерваторијата, додавајќи дека енергетските честички емитирани од Сонцето би можеле да погодат сателити кои управуваат со комуникациите на Земјата.
„Имаше ситуации кога главната комуникација (канали) беа затворени бидејќи сателитот беше погоден од висока радијација.
Сателитите во ниската орбита на Земјата се главниот фокус на приватните играчи во светот, што ја прави мисијата Aditya-L1 многу важен проект ,” тој рече.
Ниската орбита на Земјата е силно загадена поради приватниците
Научниците се надеваат дека ќе дознаат повеќе за ефектот на сончевото зрачење на илјадниците сателити во орбитата, чиј број расте паралелно со успехот на потфатите како што е комуникациската мрежа Starlink на SpaceX на Илон Маск.
„Денешната ниска орбита на Земјата е силно загадена поради приватно учество, така што разбирањето како да се заштитат сателитите таму ќе биде особено важно во денешната вселенска средина“, рече Рама Рао Нидаманури, раководител на Одделот за Земјата и вселенските науки во Индискиот институт за вселена, наука и технологија.
На долг рок, податоците што ги собира мисијата ќе помогнат подобро да се разбере ефектот на Сонцето врз климатските модели на Земјата и причината за сончевиот ветер, серија честички кои патуваат од Сонцето низ Сончевиот систем, велат научниците од ИСРО.
Индија ги приватизираше вселенските лансирања, потег за кој се залагаше премиерот Нарендра Моди, и сака да го отвори секторот за странски инвестиции бидејќи се обидува да го зголеми петкратниот удел на светскиот пазар за лансирање во следната деценија.
Како што вселената се претвора во глобален бизнис, земјата се потпира на успехот на ISRO за да ја покаже својата моќ во овој сектор.